Апартман со поглед кон езеро

(капацитет 4+1)

Овој луксузен апартман нуди спектакуларен поглед кон Охридското Езеро и градот, и тоа директно од двете спални соби. Собите се поврзани со простран балкон чија панорама ви ги нуди Охрид и синилото на езерото како на дланка.

Со вкупна површина од над 65 m², апартманот нуди максимална комоција и удобност за целото семејство, давајќи ви пријатно чувство на ваш сопствен дом, далеку од дома. Комплексот е составен од две засебни спални соби со по еден брачен кревет и една удобна софа на спуштање во дневниот простор.

Вкупниот капацитет е за 4+1 лица, што го прави идеален избор за незаборавен семеен одмор.

Аменити и содржини во апартманот:

Искуство на нашите гости:

Уште колку денови можеме да го продолжиме нашиот престој тука?“ – прашање кое најчесто го слушаме од гостите пред нивното заминување.